среда, 31. мај 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент на мото крос трка во Кучково: Натпреварувач излетал од патеката, тешко повредил гледач

Инцидент на мото крос трка во Кучково: Натпреварувач излетал од патеката, тешко повредил гледач

Едно лице е повредено по инцидент на мото крос трка кој се случила вчера околу 13.30 часот во скопско Кучково.

-Додека гледал мото крос трка, О.Р.(31) од Скопје бил удрен од мотоцикл, управуван од Д.К.(23) од Гевгелија, натпреварувач, кој изгубил контрола над мотоциклот. О.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.