недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Хроника

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Автомобил излета на автопатот „Пријателство“

ИМА ПОВРЕДЕНИ: Автомобил излета на автопатот „Пријателство“
илустрација

Четири лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17 часот на автопатот „Пријателство“,  во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско.

Автомобил „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управуван од И.М.(46) од Велес, излетал од коловозот.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија