петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Идејата за фотографија можела да заврши кобно: Дете од Куманово тешко повредено, паднало во отвор на зграда

Идејата за фотографија можела да заврши кобно: Дете од Куманово тешко повредено, паднало во отвор на зграда

На 08.02.2020 во 15,00 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14:30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Комплексот клини “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Коронавирус