среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Хроника

И го украл мобилниот телефон вреден 30.000 денари од автобуска постојка во Скопје, па зажалил- еве со каква казна се соочува крадецот

И го украл мобилниот телефон вреден 30.000 денари од автобуска постојка во Скопје, па зажалил- еве со каква казна се соочува крадецот

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог за кражба против едно лице, кое се товари дека на 15 октомври годинава на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена.

– Обвинетиот ја забележал оштетената која се упатила кон еден автобус и во тој момент од џебот на јакната и го одзел мобилниот телефон, но веднаш бил забележан од полициски службеници кои го лишиле од слобода, информираат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.​

Лицето се товар за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. а

Коронавирус