сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 25
home Хроника

Хрват и двајца Македонци уапсени: Кај себе имале голема количина кокаин

Хрват и двајца Македонци уапсени: Кај себе имале голема количина кокаин

На 05.06.2019 година во 15:20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско.

Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5 литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.