четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 132
home Хроника

Хорор во Струга: Средношколец повеќе пати сексуално злоставуван од малолетник

Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца.
Хорор во Струга: Средношколец повеќе пати сексуално злоставуван од малолетник

Центарот за социјални работи Струга вчера во 11 часот во полициската станица пријавил дека ученик од средно училиште од Струга, според негово кажување, во неколку наврати под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик.

Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца.

Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.

 

Коронавирус