недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 9
home Хроника

Хорор во скопско средно училиште: Ученици се степале, па едниот со нож ранил тинејџер

Хорор во скопско средно училиште: Ученици се степале, па едниот со нож ранил тинејџер

Вчера околу 9:20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на улица „Китка“ во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево настанала физичка пресметка меѓу ученици, а А. Б. (17) од село Вражале со нож му нанел повреда на Р. Д. (18) од село Батинци, скопско.

Р. Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а на А. Б. му била укажана помош во ЈЗУ Амбуланта Драчево.

А. Б. е приведен во полициска станица, а повикани се и пет други ученици кои учествувале во физичката пресметка.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.