четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 35
home Хроника

Хорор во Радовиш: Со секира и нанел тешки повреди на вонбрачната партнерка, следниот ден бил пронајден мртов

Хорор во Радовиш: Со секира и нанел тешки повреди на вонбрачната партнерка, следниот ден бил пронајден мртов

И.Д.(63) од Радовиш пред два дена со тешки телесни повреди била донесена во ЈЗУ Радовиш по што истата била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

-По преземени мерки, било утврдено дека околу 20 часот, во Радовиш на улица „Калаузлиска“  во куќата на И.Д. дошол Ш.Х. (40), со кого истата претходно живеела во вонбрачна заедница, и по претходна вербална расправија,  Ш.Х физички ја нападнал и со секира и нанел повреди, по што го напуштил местото на настанот, информираат од полицијата.

Во текот на вчерашниот ден околу 14 часот во Полициска станица Радовиш, лице од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека во атар на село Раклиш, радовишко на место викано „Мршин Дол“, во  „Мантово“ било пронајдено телото на Ш.Х.(40) од Радовиш, а по извршен преглед кај истиот била констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на настанот, телото е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

Коронавирус