вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 27
home Хроника

Хорор во гостиварско: Зет го застрелал таткото на сопругата, полицијата трага по него

Хорор во гостиварско: Зет го застрелал таткото на сопругата, полицијата трага по него

Б.С. (33) од тетовското село Горно Седларце вчера околу 10:40 часот со два куршуми од пиштол го застрелал таткото на неговата сопруга, во пределот на стомакот.

Крвавиот инцидент се случил во гостиварското дело Долна Бањица пред домот на повредениот А.У. (54), информираат од МВР.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус