четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 61
home Хроника

Хорор во Гостивар: Гостиварец повреден со нож од својот татко

Хорор во Гостивар: Гостиварец повреден со нож од својот татко

Полицијата во Гостивар привела шеесетгодишник осомичен дека си го повредил синот со нож.

Според СВР Тетово, вчера околу 17.10 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено во полиција дека кај нив со повреди бил донесен Н. Љ.(31) од Гостивар.

По преземени мерки било утврдено дека Н. Љ. бил повреден со нож во левата нога од неговиот татко А. Љ.(60) околу 17 часот во нивниот дом.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

А. Љ. бил приведен и задржан во полициската станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Локални избори 2021