сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

ХОРОР: Гостиварец вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката​- поднесено обвинение

ХОРОР: Гостиварец вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката​- поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43 – годишен гостиварец за кривичните дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 15 октомври, при вршење семејно насилство во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги нападнал оштетените и нанел телесни повреди. Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди.

Кривичното дело загрозување на сигурноста обвинетиот го сторил на штета на неговата ќерка. Тој неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани кон неа и нејзината мајка.

Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Коронавирус