среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 94
home Хроника

Хаос на пазарот во Струмица: Се степаа две семејства, тројца се повредени, седум добија кривична пријава

Хаос на пазарот во Струмица: Се степаа две семејства, тројца се повредени, седум добија кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(48), К.Р.(21), А.Р.(27), В.Р.(36), И.Р.(41), К.Р.(18) и А.Р.(39), сите од село Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 02.11.2019 година на пазар во Струмица пријавените учествувале во физичка пресметка на членови од две семејства, при што со повреди се здобиле лицата Г.В., К.Р. и В.Р.

Тие и претходно, на 31.10.2019, во атар на село Раборци, учествувале во физичка пресметка помеѓу двете страни.