среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

Хаос на фудбалски меч во Третата македонска лига, во полициска станица завршил и – градоначалникот!

Хаос на фудбалски меч во Третата македонска лига, во полициска станица завршил и – градоначалникот!

На фудбалскиот натпревар помеѓу Волино и Црнобуки одигран во Општина Дебарца во рамки на Третата македонска фудбалска лига се случил инцидент со навивачите на домашниот тим.

Полицијата реагирала пред да заврши натпреварот и уапсила неколку навивачи на Волино, односно жители на ова село. При обидот приведените да бидат спроведени во полициската станица во Охрид, жители на селото Волино поставиле барикади при излезот, по што полициското возило не можело да го напушти селото, јавува „Охридскај“.

Реагирал Градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, кој за да ги смири страстите и да ги увери жителите на Волино дека нема ништо да им се случи на приведените, влегол во полициското возило и заедно со нив бил спроведен во станица.

Жителите на Волино веднаш со блокадите се префрлиле пред полициската станица во Охрид. Од безбедносни причини сите патишта кон полициската станица моментално се блокирани. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на решавање на случајот.

Коронавирус