петок, 4. декември 2020. Вести денес: 34
home Хроника

Групна тепачка во болничка соба во клиничка болница во Тетово

Групна тепачка во болничка соба во клиничка болница во Тетово

Одредени недоразбирања во соба во тетовската болница завршила ноќеска со физичка пресметка. Според првичните информации, двајца тетовци довеле другар, кој бил во алкохолизирана состојба во болницата, а во собата во која биле започнала расправија и физичка пресметка со други лица кои веќе биле таму.

– Вчера во 23 часот во СВР Тетово, вработен во тетовската клиничка болница пријавил дека во една од болничките соби на Интерното одделение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(29) и С.Р.(26) од една и Н.А.(46) и Ј.А.(41) од друга страна, сите од Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Инволвираните ќе се соочат со прекршочна пријава за нарушување јавен ред и мир.

Коронавирус