четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 165
Во живо

ВО ЖИВО: Мицкоски на средба со граѓани во Радовиш

home Хроника

Групна тепачка пред угостителски објект во Скопје

Сите лица кои учествувале во тепачката биле приведени во полициска станица
Групна тепачка пред угостителски објект во Скопје
фото-илустрација

Синоќа околу 2 часот пред угостителски објект на улицата „Димитрије Чуповски“ во Скопје избила тепачка меѓу две групи од три лица.

Од една страна биле В.К.(21), Б.Р.(21) и Ф.Б.(26) сите од Скопје, а М.А.(23), П.М.(26) и Ф.Г.(23), сите од Скопје, од друга страна.

Сите биле приведени во полициска станица и задржани на разговор.

Причината за тепачката засега не е позната, а по целосното расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Локални избори 2021