понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 55
home Хроника

Групна тепачка пред ЕТУЦ „Михајло Пупин“- еве ги деталите

Групна тепачка пред ЕТУЦ „Михајло Пупин“- еве ги деталите

На 09.10.2018 година во 11.08 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“ на улица „Благоја Стефковски“ имало тепачка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека група од пет до шест ученици од училиштето физички го нападнале Н.С.(18) од Скопје, исто така, ученик во училиштето.

Еден од напаѓачите бил затекнат на местото. Се работи за 16-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.