среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Грк уапсен на граничниот премин „Табановце“

Грк уапсен на граничниот премин „Табановце“

Државјанин на Грција вчера бил уапсен на граничниот премин „Табановце“, информира МВР.

Вчера во 15:30 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода 48-годишниот С.Д. од Република Грција, кој управувал патничко возило „форд маверик’’, со бугарски национални ознаки, за кое при граничната контрола било констатирано дека има фалсификуван број на шасија и типска налепница. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти полицијата.