среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 13
home Хроника

Грк починал на паркинг пред казино во Гевгелија- еве ги деталите

Грк починал на паркинг пред казино во Гевгелија- еве ги деталите

Во Полициската станица Гевгелија, вчера во 18.45 часот, Ј.П. (42) од с.Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г. (73) од Р.Грција.

Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето.

Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.