понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 105
home Хроника

Грк излетал од патот Прилеп-Градско, починал во болница

Грк излетал од патот Прилеп-Градско, починал во болница

На 04.01.2021 во 13.30 часот на патот Прилеп – Градско, во близина на с.Тројаци, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, излетало од патот, информира МВР.

Од полицијата велат дека по незгодата, А.Л. бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Локални избори 2021