среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Хроника

Гранати од Првата светска војна пронајдени под трибина на стадионот во Битола

Гранати од Првата светска војна пронајдени под трибина на стадионот во Битола
ФФМ

На 26.10.2020 во 10.50 часот било пријавено дека во Битола, при вршење на ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна, биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна, информира МВР.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Коронавирус