петок, 29. септември 2023. Вести денес: 83
home Хроника

Градежен работник тешко повреден при работа на куќа

Градежен работник тешко повреден при работа на куќа

Во Полициската станица Гостивар вчера било пријавено дека во Медицински центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен Ф.И.(43) од с.Градец.

Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар.

-Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа.  Се работи на расчистување на случајот, информираат од полицијата.