сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 11
home Хроника

Градежен работник паднал од скеле во Струга и се повредил

Градежен работник паднал од скеле во Струга и се повредил

Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшката населба Езерски лозја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во Одделението за внатрешни рабпти – Струга вчера во 17.15 часот било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.

– Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на незгодата.

Коронавирус