среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Градежен работник паднал од скеле- итно пренесен во гостиварската болница

Градежен работник паднал од скеле- итно пренесен во гостиварската болница

Градежен работник додека бил на работно место, паднал од скеле во Гостивар и се повредил.

-Вчера околу 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека, додека изведувал градежни работи во објект на ул.„Ленинградска“ во Гостивар, С.Д.(45) од с.Мало Турчане, гостиварско, паднал од скеле и се повредил. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде му била укажана лекарска помош- соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Локални избори 2021