вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 36
home Хроника

Грабеж во Скопје Север: Вооружен и со фантомка на глава влегол во колонијал

Грабеж во Скопје Север: Вооружен и со фантомка на глава влегол во колонијал

Машко лице маскирано со фантомка на главата и вооружено со пиштол, влегол во колонијал и со закана од вработените го одзел дневниот промет.

Грабежот се случил вчера во 20.40 часот во колонијал на улицата „Боро Менков“ во скопската населба Скопје Север.

Дневниот промет изнесувал околу 20.000 денари, кој откако го земал избегал во непознат правец.