среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 64
home Хроника

Гостиварец украл „Голф“ па го уапсила полицијата

Гостиварец украл „Голф“ па го уапсила полицијата

На 22.01.2020 околу 12.10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(48) од гостиварски Равен, кој претходно извршил тешка кражба во патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски таблици, сопственост на А.А.(31) од с.Аџиевци.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против И.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.