четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 169
home Хроника

Гостиварец украл четири моторни возила и едно товарно

Гостиварец украл четири моторни возила и едно товарно

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(39) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „одземање на моторно возило“ и едно „тешка кражба“.

Пријавениот, во периодот од 01.12.2020 до 08.02.2021 на различни локации на тетовското подрачје, со употреба на физичка сила и подесен алат одзел четири патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.

По преземени мерки, возилата биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Коронавирус