понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 52
home Хроника

Гостиварец шетал надвор за време на полициски час, еве колкава казна треба да плати

Гостиварец шетал надвор за време на полициски час, еве колкава казна треба да плати

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 40-годишен гостиварец за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна во висина од 100 дневни глоби, за лицето кое на 25 март било затекнато при непочитување на полицискиот час.

За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом.

Коронавирус