среда, 28. јули 2021. Вести денес: 111
home Хроника

Гостиварец обвинет за обид за силување, жртвата дала активен отпор

Гостиварец обвинет за обид за силување, жртвата дала активен отпор

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.​​

 

Коронавирус