четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец ја тепал невенчаната сопруга пред гости

Гостиварец ја тепал невенчаната сопруга пред гости

Дваесет и петгодишната гостиварка Ц.Д, ноќеска околу 2 часот, пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот 37-годишен невенчан сопруг Ш.Ш, исто така, од Гостивар.

-Откако почнал да ја навредува и омаловажува пред гостите кои биле дојдени во нивниот стан, Ш.Ш. во неколку наврати физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници. По пријавувањето на насилството, Ш.Ш. лишен е од слобода, разговарано е со него и потоа е пуштен, информираат од СВР Тетово.

Од СВР Тетово соопштуваат дека се расчистувааат сите поединости и ќе следува соодветен поднесок.

Коронавирус