вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец измамен: Продавач му наплатил 54 илјади евра за туѓа нива

Гостиварец измамен: Продавач му наплатил 54 илјади евра за туѓа нива

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (44) од с. Добри Дол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

Во текот на 2018 до август 2019, пријавениот, на С.Ф. (53) од с. Добридол, кој живеел во САД, му понудил за продажба нива во туѓа сопственост.

Притоа, тие склучиле договор за купопродажба, за што С.Ф. на пријавениот му исплатил 54.500 евра.