четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец физички нападнал полицаец

Гостиварец физички нападнал полицаец

Гостиварец физички нападнал полицаец кој му укажал дека возилото го паркирал на пешачки премин.

СВР Тетово соопшти дека полицаецот бил нападнат вчера на крстосницата на улиците „Мајор Чеде Филиповски“ и „Браќа Ѓиновски“ додека го регулирал сообраќајот.

– По кусата вербална расправија, 69-годишниот гостиварец М.А го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го неколку пати по рамото, откако претходно го оставил возилото „голф“ со гостиварски таблици на пешачки премин, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Гостиварецот е уапсен и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус