вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 98
home Хроника

Гостиварец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

Гостиварец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

Гостиварец кој се барал со меѓународна потерница издадена од Хрватска е уапсен на граничниот премин Ќафасан на макеоднско-албанската граница кај Струга.

„Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи“,

стои во соопштението од албанската полиција, пренсе МИА.
Се наведува дека е приведен Т.Ј. (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела структурирана криминална група и производство и продажба на наркотици, но успеал да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија.

За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја информира и Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Хрватска.

Коронавирус