четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 45
home Хроника

Гостивар: Со автомобил удрил со паркирани возила, повредени две лица

Гостивар: Со автомобил удрил со паркирани возила, повредени две лица

СВР Тетово информира дека вчера во 23:20 часот е пријавено е дека на улица „Бањешница“ во Гостивар, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот гостиварец Ш.А. изгубило контрола и удрило во две паркирани возила „форд“ со гостиварски и „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(22) и Р.М.(35) од Гостивар.

-Во несреќата, сопатникот во „голфот“ С.М.(26) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, додека на возачот Ш.А. му биле констатирани телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Локални избори 2021