четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 38
home Хроника

Гости физички нападнале музичари во угостителски објект

Гости физички нападнале музичари во угостителски објект

На 19.01.2019 година во 06 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Б.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00:50 часот во угостителски објект на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, тој и И.П.(34) од Скопје, кои биле ангажирани како музичари, биле физички нападнати.

Како напаѓачи се наведени К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од село Брвеница, тетовско, кои биле гости во објектот.

На Н.Б. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а И.П. се здобил со телесни повреди.

К.М. и М.Б. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус