недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Хроника

Гори сува трева и борова шума кај скопско Љубин- интервенираат 5 возила и 25 пожарникари

Гори сува трева и борова шума кај скопско Љубин- интервенираат 5 возила и 25 пожарникари

Пожар избувна попладнево во селото Љубин, на потегот кон село Рашче во Општина Сарај.

-Гори сува трева и борова шума. На терен се пет возила и 25 пожарникари, информираат за МИА од Територијална противпожарна единица на Град Скопје.

Од Протвпожарната единица апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.