недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 72
home Хроника

Голф излетал од патот Велес- Раштани: Двајца повредени, се трага по возачот

Голф излетал од патот Велес- Раштани: Двајца повредени, се трага по возачот

Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Велес – село Раштани, на крстосница на патот во изградба Велес-Прилеп кога патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски  ознаки излетал од мостот и паднал на патот под надвозникот.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, во незгодата која се случила завчера околу 19:30 часот, со повреди се здобиле лицата Ф.Н.(21) и Б.К.(19) од  велешкото село Бузалково кои со возило на Итна медицинска помош – Велес биле пренесени во велешката Општа болница.

– Инаку, лицето кое управувало со возилото не било најдено на местото на настанот и полицијата не можела да го евидентира, но трага по него, информира Додевски.

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес, за МИА изјави дека лекарите од болницата констатирале полесни повреди, како нагмечувања, кои по неколкучасовното посматрање од тимот на лекари биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес. 

Коронавирус