вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Хроника

Голф излета од пат во скопско, две лица тешко повредени

Голф излета од пат во скопско, две лица тешко повредени

Возач и сопатник се тешко повредени откако со автомобил „Фолксваген голф“ излетале од пат.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера вечерта на локалниот пат село Барово – с.Света Петка, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Р.(45) и сопатникот Р.Р.(24) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Коронавирус