сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Хроника

Голема трагедија во Македонија: Детали за состојбата на повредените рудари чиј колега почина

Голема трагедија во Македонија: Детали за состојбата на повредените рудари чиј колега почина

Двајцата повредени рудари од  рудникот за олово и цинк, поранешна  Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди, хоспитализирани се на одделението за хирургија и  ќе останат на опсервација, потврдија синоќа од оваа јавна здравствена установа.

Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека  двајцата рудари  се надвор од  животна опасност.

-И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и  специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни, изјави Захариева.

Двајцата рудари ќе останат на хируршкото одделение во кумановската болница, а ќе им биде направена и компјутерска томографија.

За потсетување, во трагедијата загина еден рудар на лице место.

Коронавирус