сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Голем пожар во Волково

Голем пожар во Волково

Пожар избувнал во поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково.

Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во поранешна соблекувална, која е во состав на спортско игралиште во близина на железничка станица Волково, објект во кој престојувал 53-годишниот М.С. од Скопје.

За среќа скопјанецот во моментот не бил во опожарениот објект.

Во пожарот објектот целосно бил опожарен, а повредени лица нема.