вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 9
home Хроника

Голем пожар во тетовско: Две куќи целосно изгореа

Голем пожар во тетовско: Две куќи целосно изгореа

Две куќи целосно изгореле, а една е оштетена во пожар во тетовското планинско село Седларево што припаѓа на општина Желино. Пожарот избувнал вчера доцна попладне, а пожарникарите интервенирале до доцните ноќни часови.

-Тетовската против пожарникарска единица доби повик во 18 часот, но додека стигнавме веќе огнот беше проширен. Двете куќи целосно изгореа, додека во третата успеавме некако да го спречиме огнот да се шири понатаму и да зафати други објекти. Имавме помош од жител на селото кој со голем трактор ни носеше вода. Неколку часа траеше гаснењето. Екипата се врати на полноќ, но имајте предвид дека речиси еден час треба да се стигне до тоа село, изјави Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

На интервенција дошле шест пожарникари со три возила. Седларево се наоѓа на планината Сува Гора на надморска височина од 1.218 метри.