петок, 7. мај 2021. Вести денес: 163
home Хроника

Го запреле за да му укажат дека сторил сообраќен прекршок а тој агресивно ги нападнал – приведен 37 годишно лице од Скопје

Го запреле за да му укажат дека сторил сообраќен прекршок а тој агресивно ги нападнал – приведен 37 годишно лице од Скопје

Полицајци вчера на автопатот Тетово-Гостивар привеле жител на Скопје поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок. Настанот се случил околу 12 часот и 30 минути.

– Полицајци при СВР Тетово го привеле 37-годишниот скопјанец Г.Н., кој во близина на клучката за тетовско Горно Седларце, управувајќи патничко моторно возило „крајслер“ со скопски регистарски ознаки направил сообраќаен прекршок, а откако бил запрен, агресивно се однесувал кон полициските службеници, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Приведениот бил задржан во полициска станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Коронавирус