среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Ѝ го украле „БМВ-то“, се повозиле до Треска и го оставиле

Ѝ го украле „БМВ-то“, се повозиле до Треска и го оставиле

Вчеравечер во кругот на рекреативниот центар „Езеро Треска“ – Скопје, полициски службеници го пронашле возилото „БМВ Х5“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.И.(27) од Тетово.

Истиот ден во СВР Тетово, М.И. пријавила дека околу 19.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово непознат сторител го одзел возилото кое таа го оставила со клуч во бравата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.