недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 106
home Хроника

Го пресретнал на пат за Сарај и насила му го одзел автомобилот – приведен жител на село Грчец

Го пресретнал на пат за Сарај и насила му го одзел автомобилот – приведен жител на село Грчец

На 15.05.2021 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Д.(45) од с.Грчец, општина Сарај, затоа што околу 12.30 часот на патот од с.Грчец кон с.Сарај го пресретнал А.А.(20) од с.Крушопек, скопско и со физичка сила и со закана му го одзел возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Според пријавеното од страна на А.А,, причина бил нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и Н.Д.. Возилото било пронајдено, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ЕУРО 2020

Македонија