среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Го паркирал пред продавница во Ѓорче Петров: Скопјанец остана без своето БМВ вредно 12.000 евра

Го паркирал пред продавница во Ѓорче Петров: Скопјанец остана без своето БМВ вредно 12.000 евра

На 08.01.2018 година во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров ,Т.И.(43) пријавил дека истиот ден околу 17.50 часот, од пред продавница од ул. „Ѓорче Петров“, од страна на непознат сторител му било одземено патничко моторно возило марка „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки.

Сторителот го искористил невниманието на пријавителот, кој излегол од возилото и го оставил да работи.

Тој влегол во возилото и со голема брзина заминал од местото на настанот и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 750.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус