вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 105
home Хроника

Го оштетил буџетот на РМ: Кривична против поранешен директор на Музеј на албанската азбука – 5 години давал на лица незаконски да се стекнат со имотна корист

Го оштетил буџетот на РМ: Кривична против поранешен директор на Музеј на албанската азбука – 5 години давал на лица незаконски да се стекнат со имотна корист

Денеска, (03.12.2021) СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против А.Н(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Закон за јавни набавки и Закон за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

Коронавирус