понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 153
home Хроника

Го барале со потерница: Радовишанец се обидел да прегази полицаец, па се забил во полициското возило

Го барале со потерница: Радовишанец се обидел да прегази полицаец, па се забил во полициското возило

Полициска станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.Р. (26) од Радовиш поради основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Минатата недела во Радовиш на улица „Калаузлиска“, на полигонот за полагање на возачки испит, при преземање на службени дејствија за приведување на пријавениот кој се бара по потерница, истиот со патничко моторно возило „Опел Астра“ се упатил кон полициски службеник кој успеал да го избегне возилото, а потоа удрил во службеното возило „Шкода Јети“ ѝ се дал во бегство.