петок, 23. јули 2021. Вести денес: 25
home Хроника

ГЛОБИТЕ НЕ ИЗОСТАНАА НИТУ ВО ШТИП И ТЕТОВО: Во овие два града казнети вкупно 163 возачи

ГЛОБИТЕ НЕ ИЗОСТАНАА НИТУ ВО ШТИП И ТЕТОВО: Во овие два града казнети вкупно 163 возачи

Денеска (18.06.) од 09 до 16 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 89 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во Tетово пак биле казнети 74 возачи.

Денеска (18.06.) од 09 до 16 часот СВР Тетово спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи. 67 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а седуммина за дури над 70 километри на час над дозволената.

Коронавирус