понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Хроника

Главниот град стана див запад: Ноќеска во Скопје и скопско пријавени повеќе физички напади

Главниот град стана див запад: Ноќеска во Скопје и скопско пријавени повеќе физички напади

МВР информира дека во текот на изминатата ноќ и рано утринава во Скопје и во скопско се случиле повеќе физички напади.

Во Полициската станица Центар после полноќ било пријавено дека пред угостителски објект на ул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ Ѓ.Д. (33) од Скопје физички го нападнал Н.Д. (30) од Скопје.

Утринава во истата полициска станица Г.Ѓ. (36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.45 часот во ноќен клуб на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од неколку лица.

Вчера попладне, пак, во Полициската станица Гази Баба, С.Е. (26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот на ул.„Зендел Џемаил“ тој и неговиот роднина Ф.С.(18) од Скопје биле физички нападнати од непознати лица.

Во Полициската станица Ѓорќе Петров синоќа пред полноќ Ј.А.(19) и М.З. (22), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 23.00 часот на ул.„4-ти јули“ биле физички нападнати од Д.К., Е.Л. и Е.С., сите од Скопје.

Вчера физички бил нападнат и 16-годишниот Х.Р. од Визбегово од три лица на ул.„192“ во село Визбегово, скопско, а претходниот ден во 23 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека на патот Стенковец-Скопје, бил физички нападнат од три лица од Скопје, кои ги познавал.

МВЕ презема мерки за расчистување на сите случаи.