сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Ги фатиле додека краделе во двор – полицијата уапси двајца кумановци

Ги фатиле додека краделе во двор – полицијата уапси двајца кумановци

Кумановската полиција затекнала двајца крадци во двор од куќа на улицата „Народна револуција“, соопшти денеска СВР Куманово.

Полициските службеници, дваесет минути по полноќ во двор од куќата ги лишиле од слобода 23-годишниот А.А. и една година постариот В.А. од Куманово. Уште едно лице кое било со нив успеало да избега.

Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата, а покрај нив биле пронајдени одземените предмети од куќата, кои им биле одземени заедно со возилото „рено лагуна“ кое го управувале.

А.А. и В.А. се приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус