вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Хроника

Гевгеличанец заработи кривична пријава поради шверц на мигранти

Гевгеличанец заработи кривична пријава поради шверц на мигранти

Регионалниот центар Југ до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Р.М.(47) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,Криумчарење на мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот Законик на Р.М. Пријавениот како што е објавено во Извадокот на дневни настани на МВР вчера  во 02.00 часот на  регионалниот пат Гевгелија – село Негорци  пред бензинската пумпа на влезот од село Негорци во патничко моторно возило “Сузуки” со велешки регистарски ознаки прифатил и почнал да превезува седум мигранти од Авганистан на возраст од 18 до 38 години кои биле со илегален влез и престој во Р.Македонија. Околу 02,30 часот во село Прдејци од страна на полициски службеници возилото е сопрено и во истото се пронајдени лицата.

Коронавирус